Млекарницата „Сведмилк“ продадена на турската компанија „Суташ“

Bez autora
Apr 03 2012

Турската компанија „Суташ" за 4,4 милиони евра ја купува млекарницата „Сведмилк", за што во вторник беше потпишан договор за купопродажба со НЛБ Тутунска банка, која има хипотека врз имотот на млекарницата. Турската компанија, освен „Сведмилк", ја купува и фармата „Еуроленд" која е во сопственост на Трифун Костовски. За „Сведмилк",беше заинтересирана и ЗК „Пелагонија" во конзорциум со дистрибутерската компанија „Еуротабак," која понуди 5,5 милиони евра за млекарницата, но Тутунска се одлучи за Турците. Млекарницата стартуваше како гринфилд инвестиција, но по само 18 месеци работење отиде во стечај. Долговите се проценети на околу 35 милиони евра. „Суташ" се смета за лидер во турската млечна индустрија и е меѓу 66-те најголеми компании во Турција со годишен приход од околу 500 милиони долари. Дневно преработува по 2.500 тони млеко.

Млекарницата „Сведмилк“ продадена на турската компанија „Суташ“Турската компанија „Суташ" за 4,4 милиони евра ја купува млекарницата „Сведмилк", за што во вторник беше потпишан договор за купопродажба со НЛБ Тутунска банка, која има хипотека врз имотот на млекарницата.

Турската компанија, освен „Сведмилк", ја купува и фармата „Еуроленд" која е во сопственост на Трифун Костовски.

За „Сведмилк",беше заинтересирана и ЗК „Пелагонија" во конзорциум со дистрибутерската компанија „Еуротабак," која понуди 5,5 милиони евра за млекарницата, но Тутунска се одлучи за Турците.

Млекарницата стартуваше како гринфилд инвестиција, но по само 18 месеци работење отиде во стечај. Долговите се проценети на околу 35 милиони евра.

„Суташ" се смета за лидер во турската млечна индустрија и е меѓу 66-те најголеми компании во Турција со годишен приход од околу 500 милиони долари. Дневно преработува по 2.500 тони млеко.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik